Возови (2003) - текстови
превземете


Твоја до крај
Сигурна во себе вечерва сум сосем луда,
подели ги со мене сите страсти што се будат.

Реф; Еј ајде ти дојди тука остани,
Еј ајде ти дојди дај докажи ми.

Дека можеш ти да ме освоиш,
само така знај
ќе бидам јас твоја до крај.

Сега се е мое
овој град и цело небо,
а сакам нешто твое
ништо друго не е вредно.

Реф; Еј ајде ти...
... твоја до крај.

Во играта на сенки јас и ти сме сосем сами,
прстите се меки, твојот допир така мами.

Реф; Еј ајде ти...

муз. и арр.- Роберт Саздов;
текст - Кристијан Габроски;
продукција и програмирање - Роберт Саздов;
гитари - Роберт Саздов;
придружни вокали - Весна Малинова и Дексо;
снимано во студиото на Р. Саздов во период април 2003



Прашина
Сама сум, ти не си тука, не си присутен,
те нема.
Гладна сум, за твојата љубов имам потреба
нахрани ме.
Во мојот свет без ѕидови
ти си граница,
по тебе нема воздух чист,
само прашина.

Реф; Пак ветерот див ми фрла в лице земја,
не гледам, ме гуши страв,
сон во прашина, и што си ти, што сум јас,
зрно прашина.

Сонувам, со очи широко отворени,
пред мене ти,
нејасно, се губиш како во магла,
те снемува.
Во мојот свет без ѕидови ти стави ѕид,
по тебе нема воздух чист,
само прашини.

Реф; Пак ветерот див...

муз. и арр. - Роберт Билбилов;
текст - Весна Малинова;
придружни вокали - Весна Малинова;
програмирање - Роберт Билбилов;
продуцент - Валентино Скендеровски;
снимано во студио ЕНТЕРПРАЈС во период септември 2001;

изведена на МАКФЕСТ 2001;
награда: најслушана песна помеѓу два фестивала;
видео спот реализиран од ЗУМ ВИДЕОЛУШН



Знаеш кој е тој
Ноќта минува тивко, се чувствувам сама,
Некој крај мене спие со непознат лик,
и не е сеедно, в срце се отвора рана голема,
Туѓи бакнежи болат штом не си ти.

А само еден збор да можеш да ми кажеш,
еден чуден збор и да ме прелажеш.

Реф; Ти знаеш кој е тој,
тој чуден збор и биди храбар,
Не се плаши ајде кажи ми.

Ти знаеш кој е тој,
со еден збор ќе бидеш мој
и нема ништо да не раздели.

Ти знаеш кој е тој,
тој чуден збор и биди храбар,
не се плаши ајде кажи ми,

Ти знаеш кој е тој,
тој чуден збор
ме сакаш ли...

Ноќта минува тивко, се чувствувам сама,
некој крај мене спие со непознат лик...

А само еден збор да можеш да ми кажеш
еден чуден збор, и да ме прелажеш...

Реф; Ти знаеш кој е тој...

... ме сакаш ли, ме сакаш ли, ме сакаш ли, ме сакаш ли...

муз и арр. - Валентино Скендеровски;
текст - Светлана Алексовска;
програмирање и продукција - Валентино Скендеровски;
придружни вокали - Весна Малинова;
снимано во студио ЕНТЕРПРАЈС во период мај 2001;
видео спот реализиран од ЗУМ ВИДЕОЛУШН



Судено ти е
Полесно дишам кога те нема,
подобро слушам, почисто гледам,
кога те нема сама сум и своја.

Тебе те бришам кога ке дојдат
нечисти мисли, владееш со нив ти,
но само за миг.

Во лице ти се смеам,
ти си се што не ми треба.

Реф; Тебе судено ти е
да си сам и очаен
ти си избор погрешен
сега знам.
Тебе судено ти е
да си без мене
ти не си разумен
сега знам.

Кога те нема уживам со себе.

Кога си тука сиво и бледо,
кога те нема сончев е денот.

Во лице ти се смеам
ти си се што не ми треба.

Реф; Тебе судено ти е...

... Кога те нема уживам со себе.

муз. - Никола Васков - Нино и Весна Малинова;
текст - Весна Малинова;
арр. - Димитар Кочев;
придружни вокали - Олгица Христовска;
програмирање - Димитар Кочев;
гитари - Димитар Кочев;
продуцент - Тоше Поп - Симонов;
снимано во студио АУДИОЛАБ во период септември 2002;
видео спот реализиран од Чедо Поповски



Дали мислиш на нас
Празен ден, пред мене си ти,
здивот врел, а на усниве крик,
ладни сни, нема крај овој силен немир,
сама не умеам јас.

Ти си тој, мојот залуден плач,
живот мој, јас дишам за нас,
дај ми мир, дај ми сон,
дај ми сила, сама не,
не умеам јас.

Реф; Дали некогаш мислиш на нас,
дали уште мислиш на нас,
кажи дали мислиш на нас,
не успевам сама јас.

Мојот грев е копнежот мој,
после се не исчезнува тој,
лажен сјај нема крај ни мојот очај,
сама не умеам јас.

Ти си тој...

Реф; Дали некогаш мислиш на нас...
... не успевам сама јас.

муз. и арр. - Младен Марковиќ;
текст - Весна Малинова;
продукција и програмирање - Младен Марковиќ;
клавијатури - Младен Марковиќ;
придружни вокали - Младен и Цеца;
снимано во студиото Расински во период мај 2003



Подај ми рака
Имам срце а во него мраз,
имам крилја со нив не летам,
ми треба некој да ме повлече,
од дното да ме извлече.
И да чекори со мене тој,
да ме води кај што не бил никој...
Води ме на друга страна,од друга страна невидена.

Имам разум а во него мрак,
имам душа гола пустина,
ми треба некој да ми открие,
што се крие околу мене.

Реф; Сакам да видам, очи да отворам,
да не се кријам, да летам и да немам страв од висина.
Сакам да бидам силна и одлучна, да не ме плаши стварноста,
Подај ми рака...

Има простор добро заклучен,
има клуч од мене сокриен,
ми треба некој да ми помогне
да се кренам и да откријам
што се крие, на друга страна!

Реф; Сакам да видам...

Ми треба светлина, ми треба вистина,
силно да верувам

муз. и текст - Весна Малинова;
арр. и програмирање - Дарко Тасев;
гитари - Дарко Тасев;
придружни вокали - Весна Малинова;
снимено во студио АУДИОЛАБ во период јуни 2002;
видео спот реализиран од ВИЗИОН



Поврзани
Доаѓам кај тебе, немо ме гледаш
се сомневаш.
На твоите рамена моите раце,
трепериш, те допирам.
Легнувам до тебе,
постела мека, кршлива,
ти љубиш а не знаеш
дали ќе останам потоа или пак ќе ме снема.
Тоа не е важно сега,не,
тука сум,тука сме.

Сигурна во себе стравот го отфлам далеку од нас,
занесно блажено уживаш во мене
а јас сум само твоја,
се дури сум овде до тебе,
се дури си ти крај мене.

Реф; И нема лаги нема бол,
нема тајни само љубов.
Нема лаги, нема сон,
ни ветувања за утре,
нема изговор
само љубов чиста,
само јас и ти,
засекогаш поврзани.

Очи ми затвораш, цветот од душа го кинеш за мене,
огнот и водата заедно споени
лизгаат меѓу нас,
играат во темнина
сенките од нашите тела.

Реф; И нема лаги нема бол...
... поврзани.

муз. и текст - Весна Малинова;
арр. - Ивица Брчиоски;
програмирање - Ивица Брчиоски;
гитари - Ивица Брчиоски;
продуцент - Тоше Поп - Симонов;
снимано во студио АУДИОЛАБ во период октомври 2002



Полудена
Го губам својот пат понекогаш
во просторот со време секогаш,
застанувам,пред мене слепа улица
без ознака.

Го губам својот пат понекогаш
и уморна се трудам секогаш
да најдам некој траг,
во лавиринт заглавена
барам знак.

Без патоказ одам нема крај
без синџири заробена
излез нема.

Реф; Го губам својот пат понекогаш,
и зошто сум ти јас, полудена,
мене ми нема спас јас сум проклета,
зошто сум ти јас.

Го губам својот глас понекогаш
и залудно се трудам секогаш,
престанувам да мислам
на сите нас без причина.

И нема начин да ме сватиш ме вратиш
и да научиш да излечиш,
и неманачин јас да видам ни да пронајдам зрак светлина,
и нема начин да ме скротиш да ме смириш и на очи небо да ми залепиш
Ти не можеш, ти не можеш...

Реф; Го губам својот пат...

муз. и текст - Весна Малинова;
арр. - Ивица Брчиоски;
придружни вокали - Ружица Брчиоска;
програмирање - Ивица Брчиоски;
гитари - Ивица Брчиоски;
снимано во студио Клиника во период март 2003



Возови
Ти ме водиш кај што не бил никој друг,
пат од солзи... широк круг од цветови
црна сува земја,
пустини...

Ти си тој со љубов што ме допираш
пат до крајот,
силен звук...
Се што ќе биде знаеш само ти
и никој друг.

Сврти се и поглед залепи
врз моите очи
и кажи ми
што се можеш,
и заплачи
пат направи ми...
Кон твојот свет поведи ме
направи место и за мене,
внеси ме...
До твојот свет покажи ми
како до него се стигнува,
со кои возови...
И ќе тргнам јас по нив,
во куфер желби скриени,
ке патувам со нив јас...

Моите возови...
Во тебе да ме сокријат.

Сврти се
и поглед залепи
врз моите очи две
со него кажи ми
се што знаеш
што се можеш ти,
а потем заплачи,
пат направи ми
кон твојот свет

поведи ме,
направи место и за мене,
внеси ме.
До твојот свет
покажи ми
како до него се стигнува
со кои возови...
И ќе тргнам јас со нив,
во куфер желби скриени,
ќе патувам со нив јас,
до тебе да ме одведат
МОИТЕ ВОЗОВИ...
Во тебе да ме сокријат.

муз. и текст - Весна Малинова;
арр. - Кокан Димушевски;
програмирање - Кокан Димушевски;
продуцент - Зеко;
клавијатури - Кокан Димушевски;
снимано во студио ДО РЕ МИ во период септември 2002



Болка
Колаку ли пати морав јас да дадам се
да сум со тебе,
Колку ли пати морав се да направам
за да останеш,
И неможам веќе изгоре се во мене
само од тебе,
Затоа оди престани да убиваш
Во мене постои

Реф; Болка, која има име и ја познавам,
Болка, која мислев дека ми е судбина,
Боли тоа што го правиш,што ме изрони,
Болка која боли како никој до сега
Болка, о болка.

Изгубен ангел чувар ја носи среќата
моја несудена,
А сепак постојам ко зрак
Се пробивам низ бурата,
За тебе нема надеж дека еден ден
ќе се промениш,
Затоа оди, остави во вечноста
За да се изгуби

Реф; Болка која има име...
... болка.

муз. и текст - Кристина Арнаудова;
арр. - Младен Марковиќ;
програмирање и продукција - Младен Марковиќ;
снимано во студио Расински во период август 2003

Возови (2003)

ПромоцијаПромоцијата на деби албумот „Возови“ на Кристина беше одржана во кафулето „Мистер Џек“, Скопје.
ЦД- то содржи 14 песни (11 регуларни композиции и 3 бонус песни), потпишани од повеќе автори меѓу кои се јавува и самата Кристина.
Овој албум претставува круна на првата т.н. бенд фаза на Кристина и практично ја најавува големата соло кариера која следува.
На ЦД- во се наоѓаат „Знаеш кој е тој“, „Подај ми рака“, „Дали мислиш на нас“, „Возови“ и култната „Прашина“, песна што стана огромен хит и и' послужи како отскочна штица во светот на естрадата.
„2007“

Возови (Планет Прес, 2003)

Возови (2003)
1. Твоја до крај 2. Прашина 3. Знаеш кој е тој
4. Судено ти е 5. Дали мислиш на нас 6. Подај ми рака
7. Поврзани 8. Полудена 9. Возови 10. Болка
/бонус/
11. До вечност 12. Sometimes 13. Прашина (remix)

Кристина

ПЕСНИ СПЛОТЕНИ ВО НЕЈЗИНАТА ДУША
Македонско Сонце, 2003

Албумот е насловен „Возови“ според мојата омилена песна од албумот за која сметам дека е многу оригинално дело какво со години се нема појавено на македонскиот музички пазар, вели Кристина..
повеќе

www.myspace.com/kristinaarnaudovamk