Прашина (2001)
Макси-синглот „Прашина“ е прво цеде во кариерата на Кристина (се појави во лимитиран тираж, само за медиумите), на кое освен насловната песна, апсолутен хит во Македонија, се наоѓаат уште шест други композиции.
Тука се песните што Кристина ги отпеа како членка на својот некогашен состав Биг Бенг, („Планета за нас“, на пример), но и ултимативниот хит „Знаеш кој е тој“, песна што во 2001 година не слезе од брановите на домашните радио и ТВ станици.
Соработници на проектов се Весна Малинова, Роберт Билбилов, Кристијан Габроски, Светлана Алексовска, Валентино Скендеровски, Александар Ристовски - Принц, Давор Јордановски, Димитар Кочев и Борче Нечовски.

